сабота, 27 јули 2024

Брајант броеше до 42, Вејд се повреди (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Тоа беше трет натпревар по ред на кој Брајант ја надминува границата од 40 поени, доволно за петти триумф по ред за „езерџиите“, а осми вкупно во „Стејплс-центарот“, каде што сè уште се без пораз сезонава. За ѕвездата на тимот од „Ел-Еј“ тоа беше 110. натпревар во кариера на кој успеа да постигне 40 или повеќе поени. Пред него на оваа листа во моментов се единствено легендарните Вилт Чемберлен и Мајкл Џордан.

Кошаркарите на Мајами хит, пак, продолжуваат со лошите игри откако загубија на гостувањето против незгодниот Денвер нагетс (104-117). Тоа беше трет пораз по ред за тимот од соништата од Флорида. Домаќините беа предводени од Тиом Лоусон, кој постигна 24 поени. Во таборот на Денвер имаше дури шестмина со двоцифрен број поени, а се истакнаа уште и Нене со 17 поени и 12 скока, Тимофеј Мозгов со 12 поени и осум скока, како и Руди Фернандез со 15 поени.

Леброн Џејмс со 35 поени беше најефикасен кај тимот на Мајами, кој во првата половина од последниот период остана без Двејн Вејд кога поради незгоден доскок го повреди зглобот на десната нога, ја напушти играта и повеќе не се врати на паркетот. Дотогаш тој имаше учинок од 12 поени.

Болката беше преголема за да продолжи да игра: Двејн Вејд

„Телињата“ од Далас без поголеми проблеми стигнаа до четвртата победа по ред откако со 102-76 го прегазија тимот на Милвоки бакс.

РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Детроит 81-98, Филаделфија – Вашингтон 120-89, Торонто – Индијана 90-95, Бостон – Чикаго 79-88, Хјустон – Сакраменто 103-89, Њу Орлеанс – Минесота 80-87, Далас – Милвоки 102-76, Сан Антонио – Портланд 99-83, Феникс – Њу Џерси 103-110, Денвер – Мајами 117-104, ЛА Лејкерс – Кливленд 97-92.

[video:http://www.youtube.com/watch?v=9nUFm3oN-GM]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ