четврток, 6 март 2025
Знаеше како да го прослави голот за победа против Атлетико

Брахим Диаз не ги заборави провокациите на Симеоне па му порача: Зборувај сега да те видам (ВИДЕО)

Брахим Диаз донесе победа на Реал Мадрид од 2-1 против Алетико Мадрид, па реши да му врати мило за драго на Диего Симеоне и коментарите дадени пред натпреварот.

Објавено на

часот

Сподели

Брахим Диаз доби шанса во стартниот состав на Реал Мадрид во отсуство на суспендираниот Џуд Белингем и повредениот Дани Себаљос и на извонреден начин ја искористи укажаната прилика со гол за победа од 2-1 против Атлетико Мадрид во осминафиналето во Лигата на шампиони.

Во 55. минута од натпреварот, Брахим Диаз го „измести“ Хименз со дриблинг, а потоа го матираше Облак со неодбранлив шут на подалечната статива.

Откако фудбалерот го прослави погодокот со клупата на Реал Мадрид, се сврте кон Диего Симеоне и му порача: „Зборувај сега да те видам. Зборувај сега“.

Очигледно Брахим Диаз не ги заборави коментарите на Диего Симеоне пред натпреварот, кога тренерот на Атлетико Мадрид рече дека не очекува Брахим Диаз да добие шанса од првата минута.

„Мислам дека ќе играат со Модриќ, Камавинга и Чуамени, не верувам дека Брахим ќе игра. Кога имаа слични проблеми, играа со Модриќ, Камавинга и Чуамени, па очекува истото да го видиме и сега“ – рече Диего Симеоне.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ