Унион Берлин имаше фантастичен почеток на мечот иако првата радост на стадионот беше залудна бидејќи голот на Госенс во четвртата минута беше поништен поради офсајд.
Во 30. минута Бекер постигна гол за водство на Унион Берлин од 1-0, а седум минути подоцна истиот играч зголеми и на 2-0. Во тие моменти никој не помислуваше дека може да се случи пресврт.
На четири минути пред крајот на првиот дел, Ниакате даде гол за Брага и го намали водството на 2-1.
По само шест минути игра во вториот дел, Брума постигна прекрасен гол за израмнување на 2-2.
Унион Берлин напаѓаше за да го врати водството, но наместо тоа прими гол. Во 94. минута Кастро кој влезе осум минути претходно, постигна гол за победа на Брага од 3-2.
Реал Сосиедад со голови на Ојарзабал во седмата и Мендез во 27. минута победи на гостувањето кај Салцбург со 2-0.