сабота, 19 октомври 2024

Божиновска: Важно е континуирано да ги подобруваме условите за работа на рударите

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска присуствуваше на одбележувањето на Денот на рударите во Пробиштип и во Македонска Каменица. Божиновска беше придружувана од премиерот Христијан Мицкоски, а 28 август – Денот на рударите го одбележаа и вработените во ЕСМ.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, министерката Божиновска им го честиташе празникот на рударите и се осврна на значењето на работниците и на пристапот на Владата кон оваа стопанско-индустриска гранка.

„Особено се радувам и почестена сум што денеска имам можност, на најзначајниот ден за рударите, да се сретнам, да се соочам и да се запознам  со ударните и клучни двигатели на една од најтешките и најризични професии во светот.  Фактот што за првпат во Македонија е формирано Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, доволно говори за сериозноста со која Владата сака да пристапи кон ефективно подобрување на условите во оваа дејност“, нагласила Божиновска.

Според Божиновска, инвестиции се потребни и нив во рударството треба да ги има.

„Но, важно е континуирано да се стремиме кон подобрување на условите за работа и да инсистираме на целосна примена на стандардите за заштита и здравје при работа. Партнерството со приватниот сектор од индустријата е исклучително важно. Делење на исти стратешки цели, при што позицијата на вработените, модернизацијата на работните процеси и заштитата на животната средина ќе бидат приоритети кон сѐ што ќе работи ова министерство. Само на тој начин ќе бидеме на сигурната страна дека се стремиме кон позитивни промени во секоја смисла“, истакнала Божиновска.

Премиерот Христијан Мицкоски од Македонска Каменица меѓу другото испрати порака дека периодот што следи ќе има многу предизвици.

„Во периодот којшто следи ќе работиме многу, ќе се бориме и на крај ќе победиме. Македонија ќе победи, граѓаните ќе победат. Доста беа порази седум години. Конечно почнавме и ќе продолжиме да победуваме колку и да сакаат оние ретроградни сили коишто изминативе седум години ја влечеа државата назад, но да ја оставиме политиката на овој голем ден, да се фокусираме на духовното и во таа насока уште еднашка дозволете ми да им посакам на сите наши сограѓани мир, хармонија и здравје во нивните домови“, изјави Мицкоски.

Градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски истакна дека околу 80 проценти од населението работат или индиректно се поврзани со рудникот за олово и цинк Саса. Празникот Успение на Пресвета Богородица се прославува со литургии во црквата, а има и низа на културно-уметнички настани.

Денот на рударите го одбележаа и вработените во ЕСМ. По посетата на Новаци, генералниот директор на ЕСМ и дел од членовите на Управниот одбор заедно со рударите на електроенергетскиот комбинат присуствуваа на одбележување на Денот на рударите во кругот на РЕК Битола.

„Во мое име, во име на Управниот одбор и во името на сите вработени во ЕСМ ви оддаваме признание на вашата тешка професија, за огромниот напор што секојдневно го вложувате и им давате живот на овие рудници. Токму вие сте претставници на една од најтешките професии, секојдневно соочувајќи се со предизвиците и ризиците што ги носат вашите работни задачи. Без вас, како основна движечка сила, ќе беше невозможно РЕК Битола и РЕК Осломеј да функционираат повеќе од четири децении, поточно од далечната 1980 година, кога за прв пат е започнат ископот на јаловина во рудниците за јаглен“, порача Узунчев.

Во оваа пригода, доделени се пофалници за вработени во рудниците кои се истакнале со својата работа изминатата година.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ