среда, 15 јануари 2025

Божиновска на средба со амбасадорката на Германија за продлабочување на билетарелната соработка

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, денеска остварила средба со амбасадорката на Република Германија во земјава Петра Дрекслер, на која било разговарано за продлабочување на билетарелната соработка во областа на енергетската транзиција и справувањето со климатските предизвици.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од МЕРМС, на средбата Дрекслер ѝ доставила официјална покана за учество на 11. Берлински дијалог за енергетска транзиција, кој ќе се одржи на 18 и 19 март годинава.

„Во текот на средбата, министерката Божиновска доби официјална покана која беше доставена од страна на амбасадорката на Сојузна Република Германија во Македонија Н.Е. Петра Дрекслер, за учество на 11-тиот Берлински дијалог за енергетска транзиција, кој ќе се одржи на 18 и 19 март 2025 година во Берлин. Поканата е упатена од страна на министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок и министерот за економија и климатска акција, Роберт Хабек“, соопштуваат од МЕРМС.

Во соопштението наведуваат дека Берлинскиот дијалог за енергетска транзиција е водечки меѓународен форум кој ги обединува високи претставници од политиката, индустријата, науката и граѓанското општество за размена на идеи и решенија за глобалната енергетска транзиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ