На средбата Божиновска ја истакнала важноста на овој проект за енергетската безбедност на земјата и изразила благодарност за поддршката од ЕИБ. Средбата, како што велат од Министерството, претставува продолжување на соработката меѓу Министерството за енергетика и ЕИБ.
„Како долгорочен партнер на регионот, банката на ЕУ постојано обезбедува финансиска и техничка поддршка за изградба на клучна инфраструктура и подобрување на оперативните капацитети“, соопштија од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
На средбата, како што велат, станало збор и за инвестициите во обновливи извори на енергија, кои ќе придонесат за енергетската сигурност, истовремено намалувајќи ги емисиите на јаглерод диоксид.
Министерката Божиновска ја нагласила посветеноста на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во спроведувањето на реформите и проектите кои ќе обезбедат одржлива и сигурна енергетска иднина за државава.