четврток, 31 октомври 2024

Божин Павловски: Се бара адвокатска канцеларија за Гинисовата книга на рекорди

Видовте колку може да биде моќно јавното мислење? МНР за тие што се затекнати без нови пасоши во странство нудеше „патни листови” по цена од 30 евра во еден правец. Сега нуди бесплатни во двата правци. Владеачката СДСМ се фали дека издејствувала бесплатни сообраќајни дозволи. Море сиктер. Сите документи, заедно со пасошите што Владата им ги поништи на граѓаните иако беа валидни и за нив гарантираше државата мора да се заменат без да се оптоварува скромниот буџет на осиромашеното население. Така е насекаде во светот. Проверете ако не верувате, реагира академик Божин Павловски на сите случувања околу новото име на Македонија и неогранизираноста на државата за замена на личните документи.

Објавено на

часот

Сподели

„Еден правник од наше потекло во Торонто препорача адвокатска канцеларија да ја исправи оваа неправда поради лошо планирање. Ќе се прослави. Може да влезе и во Гинисовата книга на рекорди. Затоа што ќе им помогне на нешто повеќе од 2 милиона граѓани да си ги вратат парите или да не платат за туѓ јавашлук. Македонија има околу 2,5 милиона пасоши, од кои мал дел е со истечен рок.

Практично, судскиот спор ќе заврши уште пред да почне. Било која влада ќе сфати дека не смее да ги казнува граѓаните и ќе сака да се нагоди уште пред рочиштето. И јас мислам дека на потег е некоја храбра адвокатска канцеларија. За да можат граѓаните со тие пари да си платат струја, да си купат јагнешко за Велигден, да се почувствуваат горди дека тие одлучуваат кој ќе владее со државата и како ќе владее.

Јавното мислење и во нашава држава ќе го добие заслуженото место“, вели во изјавата за МКД.мк писателот Божин Павловски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ