сабота, 27 јули 2024

Божин Павловски: Можеби не заслужуваме да имаме свој Пантеон

Тешки денови за Академијата на науките и уметностите, со децении позната и во светот призната како МАНУ. Веќе со години протестираат вработените, повеќето високообразовани кадри со понижувачки месечни плати од 18 или 20 илјади денари. Треба да се засрамат пратениците од овој состав затоа што се изживуваат со највисоката научна и уметничка институција во државата, се вели во реакцијата на академик Божин Павловски откако пратениците на македонското Собрание пред два дена не гласаа за дополнувањата на Законот за Македонската академија на науките и уметностите.

Објавено на

часот

Сподели

„Мислам дека сум добар познавач на академиите во светот и одговорно тврдам дека политиката не се меша ниту во работата на науките, уште помалку во уметностите.
МАНУ не смее да стане монета за поткусурување меѓу политичарите. Во спротивно ние брзо ќе ја загубиме нашата врвна институција. А можеби и не заслужуваме да имаме свој Пантеон“, реагира за МКД.мк академик Божин Павловски.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ