сабота, 27 јули 2024

Божин Павловски: Лудаци, исправете си ја грешката додека не е предоцна

Ако сакате да бидете народни избраници на кои ќе им се восхитуваат Америка и Европа, проверете дали таму е можно тоа што му го приредивте на својот народ, се вели во реакцијата на академик Божин Павловски за гласањето на пратениците во Собранието за пасошите.

Објавено на

часот

Сподели

„Му ги поништивте личните документи во кои стои дека за нивната валидност гарантира државата до последниот ден на нивното истекување.

Не понудивте бесплатна замена на валидните документи, што е обврска на државата.

Не го поштедивте својот народ од понижување да чека и смрзнува во редови и да живее во неизвесност.

И сега велите дека тој што не извадил документи со новото име на државата ќе нема право да гласа на изборите.

Простете, но вие сте за во лудница.

Па тие луѓе се наши рамноправни граѓани. Имаат валиден матичен број, валидна адреса на живеење, плаќаат даноци. Кои сте вие да им ги оспорувате загарантираните граѓански права?

Исправете си ја кобната грешка додека не е предоцна. Овие претседателски и парламентарни избори треба да ја одразат нашата зрелост. Aко се побунат граѓаните на кои им е одземено правото, можете да си ги расцепите устите ЕУ – ЕУ, џабе“, пишува академик Павловски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ