„Возљубени чеда на Македонската православна црква, сите ние како личности, како црква и како народ, да бидеме благодарни за сите наши дарби, бивајќи свесни дека сè што имаме е од него, од Господа. Да се почитуваме меѓусебно, со даровите коишто Светиот дух штедро ги излева врз секого, за изградување на единство во црквата Христова. Милостивиот Бог, преку неговата љубов и неговата благодат, може да ги преобрази нашите стравови и несовршености во љубов и усовршување во радоста на Светиот дух“, вели поглаварот г.г. Стефан.
„Треба да живееме според поуката на апостолот кој поучува: љубете се едни со други срдечно, со братска љубов; натпреварувајте се во почитувањето еден кон друг. Живеејќи така, ќе го стекнеме мирот одозгора и ќе ги почувствуваме во нас плодовите на царството божјо, а тоа се праведност и мир и радост во светиот дух. Па, чувајќи го единството на духот преку врските на мирот, да се трудиме да имаме мир во себе, мир во својот дом, мир со луѓето и мир меѓу народите, знаејќи дека за тој мир копнееле мирољубивите души низ целата историја“, подвлекува архиепископот г.г. Стефан.
„Возљубени чеда на Македонската православна црква, сите ние како личности, како црква и како народ, да бидеме благодарни за сите наши дарби, бивајќи свесни дека сè што имаме е од него, од Господа. Да се почитуваме меѓусебно, со даровите коишто светиот дух штедро ги излева врз секого, за изградување на единство во црквата Христова. Милостивиот Бог, преку неговата љубов и неговата благодат, може да ги преобрази нашите стравови и несовршености во љубов и усовршување во радоста на светиот дух….
Со овие пораки ви го честитаме празникот на Христовото рождество на сите чеда на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како во татковината, така и насекаде по светот, поздравувајќи ве со радосниот поздрав: Христос се роди!Честито и од Бога благословено новото 2025-то лето Господово“, порача поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан во Божиќното послание објавено на веб страницата на МПЦ-ОА.