петок, 26 јули 2024

Бостон убедливо го освои истокот и се пласираше во големото НБА финале (ВИДЕО)

Бостон со 105-102 ја победи Индијана на нејзин терен и ја доби финалната серија во источната конференција со 4-0 за пласман во големото НБА финале.

Објавено на

часот

Сподели

Кошаркарите на Бостон Селтикс се прошетаа низ плејофот во источната конференција. Најпрво од Мајами загубија само еден меч, еднаш беа поразени и од Кливленд, а ниту еднаш од Индијана.

Синоќа Индијана повторно имаше предност, но финишот му припадна на Бостон кој на крајот славеше со 105-102.

Браун со 29 поени беше најефикасен, Тејтум имаше 26 поени и 13 скокови, во составот на Индијана Нембхард постигна 24 поени, имаше и 10 асистенции.

Бостон во финалето го чека подобриот од дуелот меѓу Далас и Милвоки. Тимот на Лука Дончиќ има водство од 3-0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ