сабота, 27 јули 2024

Бостон победи во Мајами и дојде на еден чекор до големото НБА финале (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Мајами ја загуби предноста на домашен терен откако синоќа беше поразен од Бостон пред своите навивачи. 
 
Натпреварот во првото полувреме беше изедначен, Мајами по 24 минути игра имаше водство од пет поени разлика 42-37. Но работите се променија во третиот период кој Бостон го доби со 32-16 и тука го реши натпреварот. Крајниот резултат беше 93-80 за нив.
 
Браун беше најефикасен со 25 поени, а најдобар беше Тејтум кој имаше 22 поени, 12 скокови и девет асистенции. Најдобар кај Мајами беше Адебајо со 18 поени и 10 скокови.
 
Следниот натпревар се игра во Бостон кој со победа може да се пласира во големото НБА финале.
 
[video:https://www.youtube.com/watch?v=iJIT6o6V4SY autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ