петок, 14 јуни 2024

Бостон направи брејк и израмни на 1-1 во серијата со Мајами (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Мајами и Бостон одиграа поинаков меч од првиот, ноќеска доминираа гостите, дојдоа до убедлива победа и израмнија на 1-1.
 
Разлика од првиот меч беше Маркус Смарт, тој го пропушти тој дуел поради повреда, но за вториот дуел се врати и само еден скок му недостасуваше за трипл-дабл учинок.
 
Покрај деветте скока, Смарт постигна 24 поени и имаше 12 асистенции. Најефикасен кај Бостон беше Тејтум со 27 поени. За Мајами повторно Батлер беше најдобар, овојпат со 29 поени.
 
Сега серијата се сели во Бостон, Мајами ако сака пласман во големото финале, потребна им е и гостинска победа.
 
[video:https://www.youtube.com/watch?v=7pGFn6XkOOQ autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ