„Имено, Иван Стоилковиќ во април 2024 година по повод од одлуката на Република Северна Македонија да биде коспонзор на Резолуцијата за Сребреница во Обединетите Нации (ОН), геноцидот во Сребреница го нарече ‘некрофилски Дизниленд’. Со оглед на тоа дека се поминати седум месеци од поднесувањето на кривичната пријава, подносителите на истата доставија писмена ургенција со надеж дека Основното јавно обвинителство во разумен рок ќе нѐ извести за текот на кривичната пријава“, се наведува во соопштението на Бошњачкиот демократски сојуз.
Освен што е важно да се запазат роковите и почитуваат одредбите од Законот за кривична постапка, велат од партијата, оваа кривична пријава е од јавен интерес бидејќи Стоилковиќ е носител на висока јавна функција, заменик премиер, министер за односи меѓу заедниците во Владата и претседател на политичка партија, а „со оглед на природата на кривичното дело за кое се пријавува, морално, етички и секако е неспојливо пријавениот да биде министер на ресор за односи меѓу заедниците, а од друга страна грубо и навредливо да негира“.