среда, 11 декември 2024

Бошњачкиот демократски сојуз се приклучи кон Европскиот фронт на ДУИ

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети и претседателот на Бошњачкиот Демократски Сојуз, Мунир Колашинац денеска се договориле кон Европскиот фронт да се приклучи и бошњачката заедница, информираат од ДУИ. Како што додаваат од оваа партија, Колашинац ќе биде дел од изборната листа на Европскиот фронт за пратеници во Првата изборна единица.

Објавено на

часот

Сподели

„Пред неколку дена, Европскиот фронт инициран од Демократската унија за интеграција и претседателот Али Ахмети потпишаа договор за коалиција со Демократската партија  на Албанците ан Мендух Тачи, со Алијансата за Албанците на Зијадин Села, со Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, со Европската демократска партија на Арјанит Хоџа, со Турската демократска партија на Бејџан Иљас, со Сојузот на Ромите на Фатима Османовска, Движењето на македонските Турци за правда и демократија претставено од Сулејман Баки“, наведува ДУИ во соопштението.

Според Демократската унија за интеграција, Европскиот фронт едногласно ја поддржува заедничката кандидатура за претседател на кандидатот Бујар Османи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ