Како што информираа од Бизнис конфедерацијата на денешната прес-конференција, кампањата има за цел да придонесе кон градење на добро информирано, будно и одговорно општество кое активно придонесува за превенција и борба против трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација.
„Во насока на таа акција организиравме обука во соработка со професорот Јовевски, студентите од Правниот факултет, меѓутоа и со претставници од бизнис-заедницата, синдикатите и невладиниот сектор. Имаме информации дека трудовата експлоатација во земјава, но и во регионот зема замав и може да кажеме дека македонски граѓани работат во странство и се дел од трудовата експлоатација. Меѓутоа има податок дека македонски граѓани се трудово експлоатирани и во земјава, но од соработниците во Министерството за вантрешни работи добиваме податоци дека и странски државјани во нашата земја без оглед на нивната работна дозвола, сепак се жртви на трудова експлоатација“, посочи претседателот на Бизнис конфедерацијата, Миле Бошков.
Додаде дека експлоатацијата најзастапена е во земјоделството, градежништвото, угостителството и туризмот и дека очекуваат дека со заедничка акција и со истакнување на овој проблем ќе се придонесе до одредено зајакнување на свеста и за оние лица кои би можеле да бидат дел од трудовата експлоатација, меѓутоа и на здруженијата да пренесат порака до работодавачите дека ќе мора понатаму етички да постапуваат и да ја намалат трудовата експлоатација.
„Состојбите доведуваат до злоупотреба на трудот, одземање на пасоши, на слободата, ниски услови за пристоен живот и работа, и она што е најопасното – е органзираната трговија со луѓе, таа трудова експлоатација се состои пред сè од регрутирање, изнаоѓање на тие луѓе, органзиирање, а потоа веќе и наплаќање на трудот. Во една анализа од 2017 до 2023 година за Македонија, преку илјада граѓани од државата се дел на трудова експлоатација. Она што е најзагрижувачко е дека најголемиот број од лицата се деца и жени“, рече Бошков.
Информира дека камапањата ќе се состои од работилници и обуки за работодавачите, синдикатите и работниците. Како и дека во рамки на иницијативата ќе бидат изработени и водичи за работодавалите кои ќе нудат практични информации за информации за заштита од трудова експлоатација, како и чекори за осигурување на фер услови за работа. Дополнително, подготвени се и брошури за потенцијални жртви, со јасни насоки за тоа како да препознаат експлоатација и каде да побараат помош.
Изработените водичи за работодавачи нудат практични Иницијативата за подигање на јавната свест „Можеби и ти си вовлечен во трудова експлоатација“ што ја спроведува Бизнис конфедерацијата на Македонија, е поддржана од проектот „Зајакнување на активностите против трговија со луѓе во Македонија “. Овој проект е дел од заедничката програма на Европската Унија/Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција III 2023 – 2026 година“.