петок, 26 јули 2024

Бошко Ѓуровски прво навива за Србија па за Македонија!?

Објавено на

часот

Сподели

Пласманот во втората фаза е успех за Македонија, вели Бошко Ѓуровски (десно)

По малку шокантна изјава, нормално, ако е добро пренесена од српскиот медиум, од човек роден во околината на Тетово, кој зад себе има седум настапи во црвено-жолтиот репрезентативен дрес, во кој има постигнато и три гола. Неговото име пред нецели две децении беше скандирано од македонските навивачи, меѓу кои има и такви што во следниот период ќе бидат во Белград за да ги бодрат ракометните јунаци. Тоа особено важи за неговата феноменална партија против Кипар на 17 декември 1994 година, кога постигна хет-трик.

Изборот на Србија пред Македонија е зачудувачки и ако се знае дека Марио Ѓуровски, неговиот внук од братот Милко, е актуелен фудбалски репрезентативец на Македонија.

„Навивам за Србија, па за Македонија. Досега бев само на отворањето на шампионатот и видов дека српската репрезентација игра извонредно, дека се мотовирани и дека добро работеле. Одлично го познавам селекторот Веселин Вуковиќ и навистина ми е мило поради него“, му изјавил Ѓуровски на новинарот, кој го начекал пред Белградска арена како купува билети за пријатели од Македонија.

Некогашниот фудбалер, кој своевремено беше и кандидат за селектор на селекцијата на Македонија, сака во големото финале да се сретнат двете селекции за кои навива – Србија и Македонија.

„Морам да кажам дека и додека бев играч на Звезда покрај фудбалот сакав да следам одбојка и ракомет. Ова е голема работа за Србија и навистина сакам во големото финале да се сретнат српската и македонската репрезентација“, дополнува Ѓуровски.

Тој, сепак, во разговорот за „Бета“ истакнал дека секој нареден освоен бод ќе биде огромен успех за Македонија.

„Македонија веќе направи голем успех со одземањето еден бод на Шведска и со пласманот во вториот круг. Имаат добра репрезентација, Македонците отсекогаш играле добар ракомет. Познато е дека од Пелистер, Прилеп, Битола потекнуваат добри ракометари“, анализира помошникот на Драган Стојковиќ-Пикси во јапонска Нагоја.

Иако деновиве е во Белград, Ѓуровски признава дека не отишол до Ниш за да проследи некој меч на Македонија од првата фаза на ЕП.

„Не бев во Ниш, а единствено бев на отворањето на првенството. Сепак, се надевам дека ќе можам да ги проследам средбите од втората фаза. Едно е сигурно, ќе бидам на трибините за големото финале“, завршува Ѓуровски.

Репрезентациите на Србија и на Македонија ќе ги одмерат силите на 25 јануари во „Арена“ во последното коло од групата И на континенталниот шампионат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ