Најзаслужен за триумфот беше Крис Бош со 30 поени, седум скока и пет асистенции, а одлична партија прикажа и Леброн Џејмс, кој мечот го заврши со 28 поени, девет скока и пет асистенции. Луис Вилијамс беше најефикасен кај поразените со 22 постигнати поени.
Сигурен триумф забележа и Атланта хоукс во дуелот со Кливленд кавалирс (121-94). Буквално сите кошаркари на Атланта се запишаа во листата на стрелците, а прв на таа листа е Џо Џонсон со 25 поени, додека кај Кливленд најдобар беше Кајри Ирвинг со 18 поени.
РЕЗУЛТАТИ: Атланта – Кливленд 121-94, Детроит – Портланд 94-91, Мајами – Филаделфија 113-92, Њујорк – Денвер 114-119 (пр.), Чикаго – Шарлот 95-89, Хјустон – С. Антонио 105-102, Мемфис – Сакраменто 128-95, Њу Џерси – Оклахома 74-84, Њу Орлеанс – Далас 81-83, Јута – Минесота 108-98.