недела, 19 мај 2024

Босфорот затворен, се насука украински брод

Брод што пловел од Украина кон Египет се насука во Босфорскиот теснец, а движењето на сите пловни објекти е прекинато во двата правци, објави украинскиот портал РБЦ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Товарниот брод „Алексис“ на пат од Украина кон Египет се насука поради дефект на опремата, јавува Си-ен-ен Турк.

Според Управата на крајбрежната стража, бродот долг 229 метри се насукал пред пристаништето Хајдарпаша во Истанбул.

На местото на настанот веднаш се испратени шлепери, чамци за брзо спасување и нуркачи.

„Сообраќајот на бродовите низ Босфорот е привремено во прекин во двата правци“, се наведува во соопштението.

Откако Русија се повлече од договорот за жито во јули минатата година, беше воспоставен посебен поморски коридор за заштита на извозот на жито од пристаништето.

Босфорот е прометен канал и служеше како излез за украинското жито на светските пазари во екот на руската инвазија. Речиси 40.000 брода поминаа низ Босфорот во 2023 година, според турското Министерство за транспорт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ