сабота, 27 јули 2024

Борусија Дортмунд со минимална предност ќе патува во Париз (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд ја доби првата полуфинална битка со ПСЖ откако славеше на свој терен со минимални 1-0.

Објавено на

часот

Сподели

Беше постигнат еден гол, но на мечот имаше повеќе добри шанси и на двете страни.

Клучниот момент се случи во 36. минута кога по одлично додавање од Шлотербек, Филкруг постигна гол за водство на Борусија Дортмунд кое значеше и победа од 1-0.

ПСЖ на почетокот од второто полувреме изврши фуриозна офанзива кон голот на домаќинот, а во 51. минута во една шанса двапати ја погодија стативата. Најпрво Мбапе биеше во десната, а потоа Хакими во левата.

До крајот на мечот и двата тима имаа можности, едните да се спасат од пораз, другите да слават поубедлива победа, но нов гол не падна.

Патникот во финалето ќе се решава на реваншот во Париз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ