Дортмунд подолго време играше под своето ниво, врзаа четири порази во сите натпреварувања, силно се тресеше столчето на Шахин, па синоќа дојде денот за разделба.
Утрово Борусија Дортмунд објави дека Нури Шахин веќе не е тренер на тимот.
„По четири порази во низа и само една победа во последните девет меча, за жал загубивме доверба дека можеме да ги исполниме целите со оваа констелација. Одлуката ме погодува лично, ама не можевме да прејдеме преку поразот од Болоња“, прокоментира директорот Ларс Рикен.
Шахин пристигна на клупата на Борусија како замена за Един Терзиќ пред половина година. Турчинот кој е роден во Германија стана асистент во клубот, а претходно работеше и во Анталијаспор.
Се шпекулира дека Ерик Тен Хаг би можел да биде новиот тренер на Дортмунд.