сабота, 27 јули 2024

Борисов победи на европските и парламентарните избори во Бугарија, не се знае дали ќе успее да формира влада

Коалицијата ГЕРБ-СДС на поранешниот премиер Бојко Борисов победи на вонредните парламентарни избори, како и на европските избори во Бугарија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според податоците на агенцијата Галуп, на изборите за Европскиот парламент ГЕРБ-СДС освоила 26,2 отсто од гласовите, додека второто место го зазема коалицијата Ги продолжуваме промените-Демократска Бугарија (ПП-ДБ) со 15,7 отсто.

Следат Препород со 15,4 отсто, Движењето за право и слободи (ДПС) со 11,7 отсто, Бугарската социјалистичка партија (БСП) со 9,7 отсто и Има таков народ со 6,4 отсто. Излезноста на гласачите на изборите за Европскиот парламент била 29,8 отсто.

ГЕРБ-СДС победи на парламентарните избори со 25,8 отсто. Второто место го освои коалицијата ПП-ДБ со 15,5 а третото ДПС со 14,7 отсто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ