четврток, 26 декември 2024

Борис Џонсон напиша емотивно писмо до украинските деца: „Не сте сами“

Објавено на

часот

Сподели

Тој напиша дека да не била ситуацијата таква, тие сега би излегувале со пријателите после училиште, би играле фудбал и би уживале во безгрижниот живот.

„Но, ова е посебна година за вас“, рече Џонсон.

Во писмото се споменува неговото патување во Киев, каде што се состана со украинскиот претседател Володимир Зеленски во април, кога тој го пофали „одлучното лидерство и големото херојство“ на украинскиот претседател.

Тој им порача на децата на Украина дека треба „да бидат неизмерно горди на својата земја, своите родители, своите семејства и своите војници, а најмногу на самите себе“.

„Многу од вас виделе или доживеале нешто на кое ниедно дете не треба да сведочи. Сепак, секојдневно нè учите што значи да се биде силен и достоинствен, да ја држиш главата високо и во најтешките моменти. Не можам да се сетам на подобар пример за децата и возрасните“, напиша британскиот премиер, а пренесува Скај њуз.

Според УНИЦЕФ, од Украина досега избегале два милиони деца, од кои повеќе од половина пристигнале во Полска.

„Не сте сами. Можеби сте одвоени од своите пријатели дома, но имате милиони други ширум светот. Овде во Велика Британија имаме украински знамиња на нашите домови, канцеларии, цркви, продавници и игралишта. Дури и на мојот покрив во Даунинг стрит, каде што прозорците се исполнети со сончогледи нацртани од британски деца“, напиша Џонсон.

„Нашите млади го цртаат вашето знаме во училниците и прават сино-жолти нараквици во знак на поддршка на вашата земја. Верувам, како и вашиот претседател, дека Украина ќе победи во оваа војна. Се надевам со цело срце дека еден ден наскоро ќе можете слободно да се вратите во своите домови, во своите училишта, со своите семејства“, додаде тој.

„И што и да се случи, без разлика колку време е потребно, ние во Велика Британија никогаш нема да ве заборавиме и секогаш со гордост ќе ве нарекуваме наши пријатели“, заклучува британскиот премиер во писмото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ