сабота, 27 јули 2024

Борел: Украина набргу ја чекаат многу битни настани

Објавено на

часот

Сподели

Како што објасни тој, одлуките ќе бидат поврзани со тоа “што ќе се случи на фронтот и со помалку или повеќе заткулисни преговори кои имаат цел завршување на конфликтот”. 

Преговорите меѓу Киев и Москва ќе зависат од тоа што ќе се случи следните денови, додаде Борел, по што порача дека бројот на мировните иницијативи се зголемува. 

Во исто време, Вашингтон пост пренесе дека Киев наводно му го предал на директорот на ЦИА планот за почетокот на преговори со Москва, кој му е покажан за време на неговата неодамнешна ненајавена посета на Киев. Директорот на ЦИА Вилијам Бернс, според пишувањето на медиумите, разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски за враќање на териториите над кои Киев изгубил контрола, а лидерот на Украина наводно изјавил дека има намера да почне преговори со Кремљ на крајот на оваа година. Планот е, по враќањето на голем дел од територијата, на границата со Крим да се разместат артилерија и ракетни системи, по што би почнале преговори со Москва. 

Исто така, претседателот на Украина Володимир Зеленски, вчера порача за странските медиуми дека планира да ги покаже резултатите од украинската офанзива до почетокот на следниот самит на НАТО во Литванија, кој е планиран за 11 и 12 јули. 

Според податоците на руското Министерство за одбрана, долгонајавуваната офанзива на Киев почнала на 4 јуни, додека американските медиуми пренесуваа дека таа и овој пат се одвива поспоро отколку што било планирано.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ