четврток, 30 мај 2024

Борел: Треба да испратиме противракетни системи во Украина

Земјите членки на Европската унија треба да ги испратат своите противракетни системи за зајакнување на воздушната одбрана на Украина додека Русија ги напаѓа нејзините градови, изјави денеска Жозеп Борел, предупредувајќи дека Европа не може да се потпира само на Вашингтон кога станува збор за помошта на Киев.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Повеќе од две години по почетокот на руската инвазија, Украина се соочува со недостиг на муниција, републиканците во американскиот Конгрес ја блокираат клучната воена помош, а ЕУ не успева да достави доволно муниција навреме.

„Имаме Патриоти, имаме противракетни системи. Мораме да ги извадиме од нашите касарни, каде што се наоѓаат за секој случај, и да ги испратиме во Украина, каде беснее војна“, изјави шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, за новинарите на состанокот на министрите за надворешни работи од земјите-членки на групата Г7 на островот Капри.

„Во спротивно, електроенергетскиот систем на Украина ќе биде уништен. И ниту една земја не може да се бори без струја во домовите, во фабриките, за интернет, за сè“, додаде тој.

Украинската воздушна одбрана е клучно прашање за министрите собрани во Италија, откако Германија вчера апелираше до Европската унија и НАТО да направат повеќе за да му се помогне на Киев.

„Сигурен сум дека ќе го направиме тоа, но мораме да го направиме побрзо“, рече Борел, додавајќи дека жали што „домашната политика“ во САД го одложува  неопходниот пакет помош за Украина од 60,84 милијарди долари.

„Не можеме да зависиме само од САД. Мораме да ја преземеме сопствената одговорност и да престанеме да велиме: „САД се доволно“, изјави тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ