сабота, 27 јули 2024

Борел: Русија нема да преговара додека се обидува да ја добие војната

Објавено на

часот

Сподели

„Гледам концентрација на војници на двете страни, јасна волја на Русија да се обиде да ја добие војната“, рече Борел на настан во Барселона, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека Русија постојано сигнализирала дека нема да ја прекине својата воена кампања, се додека не се постигнат нејзините воени цели.

Коментарите на Борел доаѓаат откако Русија соопшти дека нејзината војска погодила украински воздушни бази, а украинските сили ракетирале индустриски капацитети во Русија, бидејќи двете страни се обидуваат да добијат предност пред очекуваната контраофанзива на Киев.

„Се плашам дека од овој момент до летото војната ќе продолжи. Путин таму распореди повеќе од 300.000 мажи, двојно повеќе отколку кога ја започна инвазијата“, им рече Борел на новинарите по настанот.

Руското воено присуство во Украина е „масивно“ и сè уште секојдневно ја бомбардира Украина и ја уништува цивилната инфраструктура, додаде тој.

„Се плашам дека тоа не го прават без план. Мораме да бидеме подготвени, што значи да продолжиме да ѝ помагаме на Украина, бидејќи ако не помогнеме, Украина не може сама да се одбрани“, рече Борел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ