среда, 23 октомври 2024

Борел: Путин е одговорен за смртта на Навални

Високиот комесар за безбедност и надворешна политика на Европската Унија во заминување Жозеп Борел изјави денес дека конечната одговорност за смртта на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални ја сносат рускиот претседател Владимир Путин и властите кои го уапсиле.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Борел во соопштението кое го пренесе Европската служба за надворешни работи, по повод одбележувањето на четири години од наводното труење на рускиот опозиционер со нервен агенс, наведе дека Русија треба да обезбеди непристрасна меѓународна соработка во истрагата за обидот за убиство.

„Обидот за убиство, проследен со враќањето ан Навални во Русија, ја забрза спиралата на политички мотивирани мерки против него, што доведе до неговата прерана и сè уште нецелосно истражена и разјаснета смрт во казнената колонија на строгиот режим во февруари оваа година“, се наведува во соопштението.

Се додава дека „ЕУ нема да штеди напори руското политички раководство и властите да ги повика на одговорност за постапувањето кон Алексеј Навални и други политички затвореници“, потсетувајќи дека ЕУ и во 2020 по наводното труење и на 22 март оваа година воведе санкции на поединци во Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ