сабота, 27 јули 2024

Борел: Предолго го отфрлавме палестинското прашање, како да не постои

Шефот на дипломатијата на Европската унија Жосеп Борел денеска оцени дека меѓународната заедница предолго го отфрлала палестинското прашање, како да не постои.

Објавено на

часот

Сподели

„Премногу се обидувавме да го отфрлиме палестинското прашање како веќе да не постои и како да ќе се реши само по себе. Влегуваме во нова фаза од стогодишната војна меѓу Израел и Палестинците. Ова може да биде многу опасно за глобалниот мир и меѓународната заедница мора да се мобилизира за да се избегне такво сценарио“, наведе Борел на својот блог на веб-страницата на Европската унија.

Тој посочи дека меѓународната заедница не успеала ефективно да го спроведе договорот од Осло, кој постои веќе три децении.

„Од Осло, бројот на израелски доселеници тројно се зголеми на окупираните територии, додека можната палестинска држава повторно е збиена во лавиринт од неповрзани територии. Секојдневно повикуваме на решение за две држави, но како што ме праша палестинскиот претставник за време на Генералното собрание на ОН: Освен што повикувате на тоа, што правите за да го постигнете тоа решение?“, наведе Борел.

Тој изјави дека мирот нема да дојде сам по себе, туку мора да се изгради.

„Најтешките одлуки секогаш се носат на работ на бездната. И сега сме таму. Решението на две држави останува единственото остварливо што го знаеме. Мораме да ја вложиме целата наша политичка енергија во постигнувањето на целта“, рече Борел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ