петок, 13 декември 2024

Борел: „Односите меѓу Кина и ЕУ ќе зависат од однесувањето на Пекинг“

Објавено на

часот

Сподели

Борел се обрати преку видео врска на почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на Групата седум (Г7) во Јапонија, истакнувајќи две теми кои се најдоа во фокусот пред тридневниот состанок, потребата за унифициран пристап кон Кина и загриженоста за Тајван, пренесува Ројтерс.

„Сè што се случува во Тајванскиот теснец ќе има големо значење“, рече Борел, нагласувајќи ја потребата да се соработува со Кина и да ги одржуваме комуникациите отворени.

Тој ја опиша Кина како „партнер, конкурент и системски ривал“ и рече дека „однесувањето на Кина“ ќе одреди кои од тие три односи ЕУ ќе ги негува.

Според извештаите, на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 најверојатно ќе се разговара за „заеднички и координиран“ пристап кон Кина, изјави неименуван висок претставник на Стејт департментот.

Според Ројтерс неодамнешните коментари на францускиот претседател Емануел Макрон укажаа на потенцијалните разлики меѓу Европа и САД во однос на Кина.

По посетата на Кина овој месец, Макрон предупреди дека ЕУ не смее да биде вовлечена во кризата околу Тајван, која е поттикната од „американскиот ритам и кинеската претерана реакција“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ