вторник, 22 октомври 2024

Борел од ЕУ бара санкции против израелски министри поради ширење омраза кон Палестинците

Високиот претставник на Европската Унија Жосеп Борел ќе побара од државите членки на Унијата да воведат санкции против израелските министри кои се виновни за, како што кажа, ширење омраза кон Палестинците.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој кажа дека „почнал процес со кој бара од државите членки, ако сакаат“ да воведат санкции против министрите кои не ги именува.

Како што наведе, тие министри изнеле „неприфатливи пораки на омраза кон Палестинците“.

„Мислам дека ЕУ не смее да има табу теми“, им кажа Борел на новинарите пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Дипломатски извори изјавиле дека предлогот на Борел се однесува на израелскиот министер за финансии Безазел Смотрич и министерот за безбедност Итимар Бен Гвир, од редовите на крајната десница, пренесува Франс прес.

Смотрич, меѓу другото, претходно кажа дека е „можеби правилно и морално“ да се дозволи изгладнување на два милиони луѓе во Газа додека Хамас не ги врати израелските заложници.

Овој предлог има минимални шанси да биде усвоен бидејќи поделбите се големи од почетокот на војната на Израел против Хамас во Газа.

Неколку земји, вклучувајќи ги Германија, Австрија, Чешка и Унгарија застанаа во одбрана на правото на Израел да се брани и го блокираат носењето остри мерки против израелските власти.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто го оцени предлогот на Борел како опасен.

Европските санкции би предвиделе забрана на патување на територијата на ЕУ и заплена на имотот кои лицата под санкции го имаат во Унијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ