сабота, 27 јули 2024

Борел: Неколку земји од ЕУ ќе ја признаат Палестина до крајот на мај

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел изјави дека неколку земји од ЕУ планираат да ја признаат Палестина како независна држава до крајот на мај.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Се очекува неколку европски земји да ја признаат палестинската држава до крајот на мај“, кажа Борел на маргините на специјалната седница на Светскиот економски форум во Ријад.

Шефот на дипломатијата на ЕУ не прецизираше за кои земји станува збор.

Израелското министерство за надворешни работи ја нарече намерата на Шпанија да ја признае Палестина „награда за тероризмот“, која, како што тврдат, би ги намалила шансите за решение на генерацискиот конфликт.

Во моментов Палестина како независна држава ја признаваат 140 од 193 земји членки на Обединетите нации, вклучувајќи ја Русија.

Од европските земји, независноста на Палестина ја признаваат Бугарија, Унгарија, Кипар, Малта, Полска, Романија, Словачка, Чешка и Шведска.

Во март Шпанија, Ирска, Малта и Словенија најавија дека заеднички работат на признавање на палестинската држава.

Шпанскиот премиер Педро Санчез кажа дека очекува Мадрид да ја признае Палестина до јули и дека верува дека наскоро ќе дојде до „критична маса“ во ЕУ која ќе натера повеќе членки да го заземат истиот став.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ