петок, 18 октомври 2024

Борел: Израел предизвикува глад во Газа

Шефот за надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел рече дека Израел предизвикува глад во Газа и го користи гладот ​​како воено оружје, обвинение што израелскиот министер за надворешни работи го отфрли.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Луѓето во Газа веќе не се на раб на глад, туку се во состојба на глад и илјадници луѓе се погодени“, рече Борел на отворањето на конференцијата за хуманитарна помош за Газа во Брисел.

„Ова е неприфатливо. Гладувањето се користи како воено оружје. Израел предизвикува глад“, истакна Борел.

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац во одговор го повика Борел „да престане да го напаѓа Израел и да го признае нашето право на самоодбрана од злосторствата на Хамас“.

Кац во објава на Икс рече дека Израел дозволил „обемна хуманитарна помош во Газа по копно, воздух и море за секој што сака да помогне“, но дека помошта била „насилно попречена“ од милитантите на Хамас во „соработка“ со УНРВА.

Главната агенција на ОН која работи во палестинската енклава, Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА), предупреди дека секое трето дете на возраст под две години во северниот дел на Газа е акутно неисхрането, а населението е изложено на ризик од глад.

„Неисхранетоста кај децата брзо се шири и достигнува невидени нивоа во Газа“, соопшти УНРВА на социјалните мрежи.

Болниците во Газа објавија дека деца умираат од неисхранетост и дехидрација. ОН постојано предупредуваа дека се соочуваат со „огромни пречки“ како што се затворени премини, строги контроли, ограничени движења и немири во Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ