сабота, 27 јули 2024

Борел: Историска одлука на ЕУ за визите за Косово

Шефот на дипломатијата на Европската Унија Жосеп Борел кажа дека одлуката на ЕУ на граѓаните на Косово од 1 јануари да им овозможи безвизен режим во шенгенскиот простор е „историска“ и порача дека таа носи значителна корист на Косово и на Унијата.

Објавено на

часот

Сподели

„На сила стапува историската одлука на ЕУ. Граѓаните на Косово од денес можат да патуваат во ЕУ без визи. Ова носи значителна корист и на Косово и на ЕУ“, објави Борел на социјалната мрежа Икс.

Тој истакна дека целиот Западен Балкан „со визната либерализација е поврзан со шенгенскиот простор“.

Со одлуката за визна либерализација граѓаните на Косово од денес во Шенген зоната можат да престојуваат најмногу 90 дена во рок од шест месеци без визи, по што во следните шест месеци не можат да влезат во таа зона.

На крајот на 2023 година ЕУ на својот официјален сајт објасни дека патниците од Косово можат да влегуваат повеќе пати во рок од шест месеци во Шенген зоната, но најдолго во траење од деведесет дена.

Исто така, граѓаните на Европската Унија ќе можат без визи да престојуваат на Косово.

„Косово доследно ги исполнуваше сите критериуми и континуирано ја покажуваше својата посветеност. Со ова достигнување, сите партнери од Западниот Балкан наскоро ќе имаат безвизен пристап до ЕУ“, објавено беше на сајтот на ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ