сабота, 21 декември 2024

Борел: ЕУ нема консензус за оружена помош на Израел

Меѓу државите во Европската Унија постои длабоко несогласување околу забрана за испорака на оружје на Израел, кажа шефот на дипломатијата на ЕУ Жосеп Борел, коментирајќи ги повиците на Франција и Шпанија да се прекине испораката на оружје поради потенцијална ескалација на Блискиот Исток.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на Франција Емануел Макрон неодамна упати повик да се прекине оружената помош на Израел, бидејќи смета дека тоа е еден од главните чекори за смирување на ситуацијата во регионот.

„Постои сериозна поделба околу ова прашање. Некои држави, пак, предлагаат зголемување на испораките“, кажа Борел денес во Луксембург пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Портпаролот за надворешни прашања на Европската комисија Петер Стано минатата недела објасни дека ЕУ нема право да воведува ембарго на испораката на оружје на Израел или некоја друга земја во светот. Тој потсети дека за воведување ембарго е потребна одлука на Обединетите нации или едногласна одлука на сите земји членки на ЕУ за соодветните ограничувања да бидат усвоени на ниво на целата Унија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ