понеделник, 16 декември 2024

Борел: ЕУ ќе се спротивстави на каква било злоупотреба на Русија како претседавач на Советот за безбедност на ОН

Објавено на

часот

Сподели

„Доаѓањето на Русија на местото претседател на Советот за безбедност на ОН е достојно за првоаприлска шега. И покрај тоа што е постојана членка на Советот за безбедност, Русија продолжува да ја крши самата суштина на правната рамка на ОН“, рече Борел.

Во саботата Русија го презеде претседавањето со Советот за безбедност на ОН за цел април, а Москва објави дека нејзината делегација ќе ја предводи министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Првиот состанок на Советот за безбедност под руско претседавање треба да се одржи утре, но тоа ќе бидат само вообичаени разговори зад затворени врати за работната програма за месецот.

После тоа, како и обично, мора да следи прес-конференција на новиот претседавач, рускиот амбасадор Васили Небензија.

Во саботата, украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на „реформа на глобалните институции, вклучувајќи го и Советот за безбедност на ОН“.

„Терористичката држава мора да биде спречена да го уништи светот. Терористите мора да загубат, мора да бидат одговорни за теророт и никаде да не претседаваат“, рече Зеленски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ