сабота, 27 јули 2024

Борел: ЕУ ќе продолжи да им плаќа помош на Палестинците

Ревизијата на помошта на ЕУ за Палестинците не вклучува суспензија на тековните плаќања, бидејќи тоа ќе им наштети на интересите на ЕУ на Блискиот Исток, изјави шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел.

Објавено на

часот

Сподели

„Ревизијата на помошта на ЕУ за Палестина објавена од Европската комисија нема да ги суспендира доспеаните плаќања. Суспендирањето на плаќањата со казнувањето на целиот палестински народ ќе им наштети на интересите на ЕУ во регионот и само дополнително ќе ги охрабри терористите“, напиша Борел синоќа на платформата Х (Твитер).

Претходно, еврокомесарот за проширување и соседство Оливер Вархеји, најави дека Европската унија ќе ги прекине сите исплати на Палестинците и ќе ја преиспита сета помош поради ескалацијата на конфликтот со Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ