сабота, 27 јули 2024

Борел: ЕУ до денес испратила 220.000 артилериски гранати и 1.300 гранати во Украина

Објавено на

часот

Сподели

Оваа информација Борел ја соопшти на прес-конференција по состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на ЕУ, каде главна тема беше воената поддршка на ЕУ за Украина. Ова е голем скок во однос на податоците од пред десетина дена кога беа испорачани 140.000 гранати.

„Следните денови, недели и месеци ќе бидат стратешки одлучувачки за војната во Украина“, рече Борел по состанокот на министрите за одбрана на ЕУ во Брисел.

Во март, земјите-членки на ЕУ договорија план за испорака на милион парчиња муниција на Украина за една година. Ќе направиме сѐ што можеме за да ја исполниме таа цел“, рече Борел.

Вкупната вредност на воената поддршка на земјите-членки на ЕУ и Европскиот инструмент за мировна помош од почетокот на нападот врз Украина достигна 10 милијарди евра, изјави високиот претставник.

Тој посочи дека сите министри за одбрана на земјите-членки рекле дека ќе продолжат со воена поддршка за Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ