„Сите оние кои се загрижени за ситуацијата во Газа треба да извршат притисок врз израелската влада да дозволи непречен пристап до хуманитарна помош и да не ги блокира конвоите“, изјави Борел на социјалната мрежа Икс.
Тој додаде дека „другите опции не се доволни“.
„Испораките по воздушен пат се добри, но недоволни. Поморските коридори се неопходни, но за нив е потребно време. И времето е важно“, рече Борел.
Најмалку 30.800 Палестинци се убиени во Појасот Газа од избувнувањето на конфликтот меѓу Израел и Хамас на 7 октомври минатата година, според здравствените власти на Хамас.
Покрај тоа, повеќе од 70.000 луѓе биле повредени, а многу тела сè уште се под урнатините.