понеделник, 24 јуни 2024

Борел: Членките на ЕУ ќе мора да го уапсат Нетанјаху

Реагирајќи по повод повикот на обвинителот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за издавање налог за апсење на лидерите на Израел и Хамас, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жосеп Борел изјави дека сите држави кои ги ратификувале статутите на МКС се обврзани да ги спроведуваат неговите одлуки.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Мандатот на МКС, како независна меѓународна институција, е да ги процесира најсериозните злосторства по меѓународното право. Сите држави кои ги ратификуваа статутите на МКС мора да ги спроведуваат неговите одлуки“, напиша Борел на социјалната мрежа Икс.

Сепак, иако обвинителот побара налози за апсење, можат да поминат месеци пред тричлениот судски совет да одлучи дали да ги издаде или не.

Покрај тоа, Израел не е член на МКС и не ја признава јурисдикцијата на судот, но Палестина се придружи на организацијата во 2015. САД беа едни од основачите на МКС, но Конгресот никогаш не го ратификуваше Римскиот статут. Русија, Кина, Индија, Индонезија, Саудиска Арабија и десетици други земји исто така не ја прифаќаат надлежноста на судот.

МКС побара издавање налози за апсење на премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант, како и за лидерите на Хамас Јахја Синвар, Мохамед Деиф и Исмаил Ханије.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ