сабота, 26 октомври 2024

Борба со монструм – пожарот во Мариово со цистерни па и со шишиња, воздухопловите чекаат да се намали чадот (ВИДЕО)

Пожарот што избувна во неделата во прилепскиот дел од Мариово, а синоќа се претвори во застрашувачки оган за населените места, е во должина од над 20 километри. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов утрово изјави дека на терен се 195 професионалци – пожарникари, и припадници на специјалните сили на армијата и на полицијата. Ангажирани се и воздухоплови за гаснење, но проблемот е густиот чад и намалената видливост таму каде што треба да се исфрли вода.

Објавено на

часот

Сподели

Доцна синоќа во Прилеп беше одржан состанок на кризниот штаб на кој присуствуваше и Ангелов и беше најавено дека се подготвени противпожарни тимови од повеќе градови, меѓу кои и од источна Македонија. Дел од нив веќе дејствуваат во Мариово.

Засега се одбранети селата, како и манастирите кои ги има во Мариово. Битката се води пожарот да се локализира.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ