понеделник, 20 мај 2024

„Бомбите“ на Боки отворија нов предмет за наводни криминали на функционери, судии, бизнисмени…

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од утре ја почнува кривично-правната операција со кодно име Бумеранг, најавена од Бојан Јовановски кој лани на шефот на ова обвинителство Ислам Абази му предаде повеќе од еден милион фајлови. Адвокатскиот тим на Боки 13 информира дека предметот е оформен, а се работи за сторени „кривични дела на високо профилирани лица, функционери, политичари, обвинители, судии и бизнисмени“. По делегирање на надлежен јавен обвинител, Боки 13 бил повикан утре да даде исказ и да ги поднесе кривичните пријави за сторени кривични дела.

Објавено на

часот

Сподели

Јовановски и неговиот помомошник адвокатот Владимир Туфегџиќ за утре најавуваат изјави за медиумите.

Откако лани во февруари, како што изјави, на ОЈО предал повеќе од еден милион фајлови, Јовановски изјави дека се работи за податоци за криминали сторени од највисоки државни структури и бизнис елити.

Инаку, Бојан Јовановски-Боки 13 е правосилно осуден за случајот Рекет на девет години затвор. Тој ја поздрави одлуката на шефот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Ислам Абази, да формира предмет и да го додели на надлежен обвинител.

Јовановски лани во февруари тврдеше дека поседува „бомби“ (снимени разговори, транскрипти, пораки, фотографски и видеозаписи) и сака да поднесе кривични пријави против личности од највисоки државни структури од политиката, правосудството, бизнис-елитата и други лица.

„Напоменуваме дека поради обемноста на материјалот и доказите во бројка од 1.150.000 фајлови со податоци во кои има аудио снимки, транскрипти, пораки, телефонски комуникации, видео и фотографски записи, т.е. ‘бомби’, ќе биде потребно формирање на посебен тим за работа и процесирање на кривичните пријави во согласност со реалните потреби за ефикасно и правилно постапување по предметот. Поради високиот степен на карактерот и сериозноста на процесот Бумеранг, бараме и очекуваме посветеност, неселективност и максимална професионалност од страна на надлежниот обвинител“, соопштија тогаш адвокатите на Боки 13.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ