„На 21 октомври беше фрлена експлозивна направа во клубот на ПЦЕР. Искршени се сите прозори и е направена значителна штета. Најостро го осудуваме овој чин на нетолеранција и непочит кон нас и кон Ромите од овој град и од целата држава. Ги повикуваме надлежните институции од Република Северна Македонија да го истражат случајот и навремено да постапат“, пишува Ибраимовски во соопштение до медиумите.
Клубот на ПЦЕР се наоѓа на улицата „Иво Лола Рибар“во Тетово.