сабота, 27 јули 2024

Бомба во Формула 1: Хамилтон се сели во Ферари во 2025 година!

Голем број на извори пренесуваат дека Луис Хамилтон ќе се пресели во Ферари, Британецот ќе му биде тимски колега на Шарл Леклар во сезоната 2025.

Објавено на

часот

Сподели

Луис Хамилтон изминативе години често се поврзуваше со Ферари, но постојано остануваше верен на Мерцедес, во 2023 стави потпис на двегодишен договор вреден 100 милиони фунти.

Но се верува дека соработката е 1+1, односно Луис Хамилтон има опција да си замине на крајот од 2024.

Последните информации велат дека Британецот решил да повлече еден ваков чекор, и во 2025 година да стане дел од најуспешниот тим во Формула 1.

Се очекува во скоро време да пристигне официјална потврда дека Луис Хамилтон ќе му биде тимски колега на Шарл Леклер во Ферари во сезоната 2025.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ