понеделник, 28 октомври 2024
Паднал договор

Бомба од Франција: Мбапе му кажал ДА на Реал Мадрид!

Новинарот Санти Ауна објави дека Килијан Мбапе решил да ја продолжи кариерта во Реал Мадрид и пред неколку дена се договорил со „кралевите“.

Објавено на

часот

Сподели

Весникот Тајмс објави дека Килијан Мбапе не бил импресиониран од тактиката на Реал Мадрид и поставениот ултиматум да одлучи до 15. јануари, па напаѓачот почнал да размислува за преселба во Премиерлигата.

Сепак, во Франција имаат поинакви информации за иднината на Килијан Мбапе.

Новинарот Санти Ауна и Футмеркато објавија ексклузива според која Килијан Мбапе решил да ја продолжи кариерата на „Сантијаго Бернабеу“.

Нивниот напис вели дека Французинот веќе кажал ДА, и уште пред неколку дена постигнал договор со Реал за преселба во Мадрид.

Останува да се види кои од гласините на крајот ќе се покажат како точни, и кој ќе биде следниот клуб на Килијан Мбапе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ