сабота, 18 мај 2024

Болоња ја победи Рома на Олимпико (ВИДЕО)

Болоња продолжува со неверојатната форма под водство на Тијаго Мота, тие денеска со 3-1 ја победија Рома во Рим и речиси сигурно идната сезона ќе играат во Лигата на шампионите.

Објавено на

часот

Сподели

Болоња имаше одличен почеток на мечот, во 14. Ел Азузи постигна неверојатен гол за водство од 1-0.

Пред самиот крај на првото полувреме Зиркзе го зголеми водството на гостите на 2-0.

По десет минути игра во вториот дел Рома успеа да се врати во мечот со погодок на Азмин, но во 65. минута Салемакерс со одличен лоб ги постави конечните 3-1 за Болоња.

Болоња сега има 62 бода на четвртото место, седум повеќе од Рома која е петта и осум повеќе од шесттата Аталанта. (Рома и Аталанта имаат меч помалку) Во Серија А оваа сезона и петтата позиција води во Лигата на шампионите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ