сабота, 27 јули 2024

Болоња му покажа на Милан како се дава гол од пенал, реми на Сан Сиро (ВИДЕО)

Милан промаши два пенали, Болоња реализираше еден во 92. минута за реми од 2-2.

Објавено на

часот

Сподели

Милан и Болоња одиграа супер интересен и тензичен натпревар кој заврши нерешено.

Болоња дојде во водство со гол на Зирзе во 29. минута кој од тешка позиција ја протна топката низ нозете на Мањан за 1-0.

Во 41. минута беше досуден пенал за Милан, тренерот на Болоња, Тијаго Мота доби црвен картон поради протест. Жиру го промаши пеналот.

Но пред самиот крај на првото полувреме Лофтус Чик успеа да го изедначи резултатот на 1-1. Со реми се замина на одморот.

Во 74. минута Милан повторно изведуваше пенал. Овојпат Тео Ернандез ја погоди стативата. Одбиената топка дојде до него, но не смееше тој да игра со неа без таа претходно да биде допрена од друг играч.

Десет минути подоцна Лофтус Чик даде уште еден гол за комплетен пресврт и водство на Милан од 2-1. Се чинеше дека росонерите ќе дојдат до победата, но не беше така.

Во 90. минута беше досуден пенал за Болоња кој го реализираше Орсолини за конечен резултат од 2-2.

Видео од мечот може да видите ТУКА.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ