Со Бскси, А1 корисниците добиваат пристап до илјадници книги за возрасни и за деца, 2 профили (за возрасен и за дете), нови наслови секој месец, месечни награди за најдобрите читатели и неограничено читање во секое време.
Бокси содржи книги на македонски, англиски и на албански јазик од македонски и странски издавачки куќи и овозможува корисниците да читаат или да слушаат аудиокниги на своите уреди. Покрај книги, апликацијата исто така содржи и многубројни едукативни квизови, дневни и неделни предизвици, креирање сопствени аватари, како и можност за натпреварување и освојување уникатни награди за оние што најмногу читаат.
Бокси е достапен за активација за сите A1 постпејд корисници на мобилни и фиксни услуги по цена од 349 денари месечно, а може да се активира преку мобилната апликација Мојот А1, со повик во Контакт центарот на 077 1234 или во сите А1 продажни места.