„Ги отфрламе сите наводи бидејќи сметаме дека не постојат законски основи за натамошно процесуиање. Настанот е од таков тип да надлежните органи треба да преземат мерки и активности во постапка за лажно пријавување против пријавителот. Во овој случај се работи за фејсбук статус односно за наводно дело сторено преку информатички систем“, изјави адвокатот Туфегџиќ.
Jовановски вели дека Кичеец е човек кој се огрешил пред законот, а не одговарал за тоа и неговата реакција е очекувана. Како што рече „ова е почеток на конечна битка и разрешница со цела криминална банда“.
„Не сум го пријавил јас Зоран Милески на мојот фејсбук-профил за да бидам пријавен дека лажно сум пријавил кривично дело. Напротив, Зоран Милески Кичеец е дел од моите кривични пријави за сторени кривични дела кои ги сторил истиот за кои јас имам индиции, докази дека ги сторил, но тоа ќе биде предмет пред јавен обвинител во друга постапка и не во оваа форма, а ова го сметам за директен притисок поради тоа што тоа се случи вчера кога скоро цела држава знаеше дека имам јавен настап, најавено интервју каде што и пријавителот во случајот Зоран Милески Кичеец беше еден од лицата за коишто зборував“, рече Јовановски.