понеделник, 20 мај 2024
Заменик министерот со изјава

Бојмацалиев: Со „реформите“ на Тошковски се задоцнија личните документи на 100 илјади граѓани

Техничкиот министер за внатрешни работи направи некои реформи, нему познати, за издавање на личните документи, но имам сознание дека е пробиен законскиот рок за документите за над 100 илјади граѓани, изјави дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

Објавено на

часот

Сподели

Во изјава за новоинарите, Бојмацалиев оцени дека постапките што во процедурите ги спроведе техничкиот министер Панче Тошковски не дале никаков резултат.

„Според последните сознанија што ги имам и бројките што ги побарав, над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок. А само ќе напоменам дека пред техничката влада, сите граѓани ги добиаа своите лични документи во рок од 15 дена. Но за среќа техничката влада завршува за брзо па ќе ги вратиме управните служби на прав колосек, граѓаните ќе бидат сликани и услужени за 15 дена да ги имаат своите документи. Тоа го зборував уште од првиот ден, но не наиде на разбирање дека не е само да ги сликаме граѓаните, да им ги земеме парите, а да не им ги дадеме пасошите. Граѓаните чекаат некаде веќе два и пол месеци за одредени документи за кои уредно си платиле и се сликале“, изјави Бојмацалиев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ