сабота, 27 јули 2024

Бојмацалиев со повик до дијаспората, наместо само патни листови да се вадат и патни исправи

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, на својата фејсбук страница, упати повик до македонската дијаспора дека освен патниот лист, има можност да се искористат и базните станици во дипломатско-конзуларните претставништва (ДПК) на Македонија за вадење лични документи.

Објавено на

часот

Сподели

„Проектот за поднесување барања за издавање на патни исправи преку дипломатско-конзуларните преставништва е отпочнат на 1 октомври 2021 година и до 9 февруари вкупно 47.726 граѓани ја имаат искористено оваа можност да извадат патна исправа преку ДКП-та“, напиша Бојмацалиев.

Наведува дека моментално барања за издавање на патни исправи се поднесува во вкупно 25 дипломатски преставништа и тоа: Љубљана, Лондон, Берн, Берлин, Бон, Минхен, Виена, Њујорк, Чикаго, Венеција, Рим, Малта, Стокхолм, Копенхаген, Пекинг, Малме, Абу Даби, Осло, Брисел, Хаг, Париз, Торонто, Детроит, Мелбурн и Канбера.

„Целокупниот процес – од поднесување на барање до изготвување на патните исправи трае од 15 до 30 дена, што е сериозно кратење на времетраењето на процедурите, ако се земе предвид дека досегашната постапка траеше од четири до пет месеци, со големи трошоци за граѓаните“, напиша Бојмацалиев на фејсбук.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ